Столтенберг повторно ги покани Русија и сојузниците од НАТО на нови разговори

Од:

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска изјави дека ги поканил Русија и сојузниците од Северноатлантската алијанса на нови разговори за да се спречи можен руски напад врз Украина.

Предложената серија дискусии во Советот НАТО-Русија ќе се одржи „во блиска иднина“, рече тој по разговорите со германскиот канцелар Олаф Шолц.

Тие имаат за цел „да се осврнат на нашите грижи, но и да ја слушнат загриженоста на Русија и да се обидат да најдат начин да спречат каков било воен напад против Украина“, рече тој на прес-конференција во Берлин.

САД и нивните европски сојузници минатата среда одржаа разговори со Русија под покровителство на Советот НАТО-Русија – платформа која немаше состанок од 2019 година.

Истакнувајќи ги значајните разлики меѓу двете страни, Столтенберг тогаш рече дека сојузниците во НАТО се подготвени за понатамошни дискусии, но Русите не можеа да се договорат за предлогот за повторно средба. Столтенберг истакна дека Алијансата е подготвена да го слуша гледиштето на Русија, но нема да прави компромиси за принципите како што е способноста на НАТО да ги брани своите сојузници.

„Испраќаме многу јасна порака до Русија, ако уште еднаш решат да употребат сила против Украина, тоа ќе има висока цена за Русија–економски, финансиски и политички санкции. Сојузниците на НАТО, исто така, даваат поддршка на Украина“, рече тој.

Со зголемувањето на тензиите, „дијалогот е уште поважен“, рече шефот на НАТО, нагласувајќи дека неговата страна „ќе ги вложи сите напори да најде политички пат за напред“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Четири години од членството во НАТО – Земјава не е само фактор на стабилизација на регионот, туку и поттик за државите во соседството

Русите спречиле терористички напад: ФСБ уапси три лица

(ВИДЕО) Нова драма во Русија: Евакуиран трговски центар по дојава за експлозивна направа

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: 25 години од НАТО нападот на Србија

Катерина Ѓуровски

Објавена снимка од дрон од ужасот и пустошот во Москва

А1он

140 повредени во терористичкиот напад, полесно повредените добиваат амбулантска нега

А1он