Столтенберг: Не смееме да ја потцениме Русија, покажаа извонредна бруталност

Од:

Целта на рускиот претседател Владимир Путин е „да ја остави Украина студена и темна оваа зима“, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

„Руското повлекување од Херсон ја покажува неверојатната храброст на украинските вооружени сили“, рече шефот на воената алијанса за време на прес-конференцијата со членовите на холандската влада во Хаг.

„Останува на Украина да одлучи кои услови се прифатливи за преговорите за ставање крај на војната“, рече тој, додавајќи дека улогата на НАТО е да го поддржи Киев.

„Не треба да направиме грешка да ја потцениме Русија. Руските вооружени сили задржуваат значителни капацитети, како и голем број војници, а Русија покажа подготвеност да преземе значителни загуби. Тие исто така покажаа извонредна бруталност. Следните месеци ќе бидат тешки. Целта на Путин е да ја остави Украина во студ и темнина оваа зима, заклучи Столтенберг.

Би можело да ве интересира

Столтенберг: Прашањето не е дали, туку кога Украина ќе стане членка на НАТО

Горан Наумовски

Шефот на НАТО даде дозвола: На Украинците ќе им биде дозволено да стрелаат во Русија со авиони Ф-16

Предраг Петровиќ

Столтенберг: Русите нема да успеат, Путин изгуби засекогаш

Шефот на НАТО предупредува: Се зголемуваат тензиите во Западен Балкан

Столтенберг: Го поздравувам договорот помеѓу Израел и Хамас за ослободување на заложници

А1он

Столтенберг: Украина има право на самоодбрана, ние и помагаме да се придржува до тоа право