Столтенберг: Не смее да и се дозволи на Русија да победи во војната против Украина

Од:

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска изјави дека не смее да и се дозволи на Русија да победи во војната против Украина.

Тој рече дека земјите-членки на НАТО можеби ќе треба да и помагаат на Украина со оружје и друга помош долго време за да ја спречат Русија да победи.

„Во наш интерес е овој вид на агресивна политика да пропадне. Ова е најопасната ситуација во Европа од Втората светска војна“, рече Столтенберг.

Тој додаде дека рускиот напад не е насочен само кон Украина, туку и кон западните вредности.

Столтенберг повтори дека НАТО е решен да ги брани сите свои 30 земји-членки.

„Ако Путин воопшто помисли да направи нешто слично на земја од Северноатлантската алијанса, како што направи со Грузија, Молдавија или Украина, тогаш целото НАТО веднаш ќе биде вклучено“, рече Столтенберг.

Нападот на Русија врз Украина ги поттикна претходно неутралните земји Финска и Шведска да побараат членство во НАТО. Нивните барања за прием досега ги ратификуваа 23 земји од 30 земји-членки, вклучително и САД.

Само Турција првично се спротивстави. Меѓу другото, таа како услов за поддршка постави Стокхолм и Хелсинки да не им помагаат на курдските сили во Сирија, кои Анкара ги смета за огранок на терористичката Курдистанска работничка партија и укинување на ограничувањата за извоз на оружје во Турција.

Турција рече дека специјален комитет од земјата ќе се состане со фински и шведски официјални лица овој месец за да процени дали двете земји ги почитуваат условите.

Би можело да ве интересира

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Јенс Столтенберг: Без разлика на исходот од изборите, САД остануваат непоколеблив сојузник во НАТО

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков

Русија ја предупредува Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина