Столтенберг: НАТО поприсутно на Блискиот исток со согласност на државите од регионот

Од:
Барањето на американскиот претседател Доналд Трамп за зголемено присуство на НАТО на Блискиот исток не е изненадувачко, изјави денеска генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг.
Тој на прес конференција кажа дека разговорите за ова прашање штотуку се почнати и бараат постигнување едногласност и затоа засега се воздржува од прогноза како тие ќе завршат.
„Зголемувањето на нашето присуство во регионот наметнува согласност од државите што се таму, а тоа ќе одземе време“, забележа Столтенберг.
Тој прецизираше дека НАТО располага со можности да одговори на барањето на Вашингтон.

Генералниот секретар посочи дека проблемите на Блискиот исток се закана за сите, како и дека за изноѓање на решенија се неопходни политички, дипломатски, економски и воени мерки.

Според него, НАТО и сега е присутен на Блискиот исток со своите напори во борбата со тероризмот. Најдобриот одговор на терористите не се воените операции, туку обуката на локалните безбедносни сили.

„НАТО го задржува своето присуство во Ирак, остануваме во тесна врска со локалните власти. Ситуацијата на Блискиот исток останува несигурна. Никој нема интерес од нов конфликт, стабилноста е важна за сите во НАТО“, дополни Столтенберг.

Би можело да ве интересира

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски

Столтенберг ги повика земјите од НАТО да му ја дадат на Киев потребната муниција и противвоздушна одбрана

Столтенберг: Сите воени објекти во Русија се легитимни цели

Нордиските и балтичките земји ја поддржуваат улогата на НАТО во поддршката на Украина

Столтенберг: „Сојузот на авторитарни сили“ сè повеќе соработува против Западот