Столтенберг: НАТО има 20 пати поголем буџет од Русија

Од:

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека заедничкиот буџет на НАТО е 20 пати поголем од рускиот, пренесоа руските медиуми.

-Кога зборуваме за бројки, ние сме ефикасен сојуз со ефиканска војска, но и висината на трошоците ни е повисока, што го отсликува повисокиот животен стандард. Доколку ги споредите платите и трошоците за живот меѓу земјите членки и Русија очигледно е дека трошоците се повисоки во државите членки на НАТО, рече Столтенберг.

Руските медиуми пренесуваат дека НАТО планира да продолжи да вложува толку колку што е неопходно за оддржување на воената моќ и соодветно на одбраната на земјите членки.

Зборувајќи за претходната изјава дека и покрај тоа што Алијансата во 2018 година потрошила трилион долари за одбраната, Столтенберг најавува дека НАТО планира да потроши дополнителни 100 милијарди во 2020 година и да ги оддржи своите напори и уште повеќе да го зголеми буџетот.

Би можело да ве интересира

Четири години од членството во НАТО – Земјава не е само фактор на стабилизација на регионот, туку и поттик за државите во соседството

Русите спречиле терористички напад: ФСБ уапси три лица

(ВИДЕО) Нова драма во Русија: Евакуиран трговски центар по дојава за експлозивна направа

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: 25 години од НАТО нападот на Србија

Катерина Ѓуровски

Објавена снимка од дрон од ужасот и пустошот во Москва

А1он

140 повредени во терористичкиот напад, полесно повредените добиваат амбулантска нега

А1он