Столтенберг: На Русите не им оди според планот, ќе изгубат во Украина

Од:

Генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, денеска изјави дека е убеден дека руската воена операција во Украина не оди според планот.

-Украина може да постигне победа против руските сили, бидејќи ситуацијата на бојното поле не оди како што планираше Москва, рече Столтенберг.

„Руската војна во Украина не оди според планот на Москва. Не успеаја да го освојат Киев, беа принудени да се повлечат во и околу Харков, тие се во дефанзива во Донбас. Русија не ги постигнува своите стратешки цели“, додаде тој.

И покрај се, додаде тој, желбите на рускиот претседател Владимир Путин не се остварија и Украина продолжува да се бори, а НАТО никогаш не бил посилен, додека САД и ЕУ никогаш не биле пообединети.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русија: Водостојот на реката Тобол достигна „опасно ниво“

Голема поплава на границата меѓу Русија и Казахстан, десетици илјади луѓе евакуирани

Русија се огласи за нападот на Иран на Израел

Катерина Ѓуровски

Нов воздушен напад во Луганск

А1он

Русија: Подгответе се за безусловна капитулација на Украина

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема евакуација на населението во регионите погодени од полави во Русија