Столтенберг: Мирот и безбедноста не може да се земаат здраво за готово

Од:

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска на прес-конференција во Берлин, по средбата со германскиот канцелар Олаф Шолц, кажа дека „војната на претседателот Путин против Украина го уништи мирот и го шокираше светот“.

Тој им оддаде почит на украинските сили и вети дека ќе продолжи да ги поддржува.

Столтенберг ја пофали Германија за нејзината воена и хуманитарна поддршка за Украина, нагласувајќи дека „НАТО има одговорност да спречи натамошна ескалација на оваа војна“ и притоа ги предупреди членките на Алијансата дека „мирот и безбедноста не можат да се земаат здраво за готово“.

-Вчера, министрите за одбрана почнаа да размислуваат што треба да направиме за на долг рок да ја зајакнеме нашата одбрана и одвраќање. Ова ќе бара големи зголемувања на инвестициите во одбраната, рече Столтенберг.

Шолц, од своја страна, кажа дека Германија го зголемила финансирањето на своите вооружени сили за да се осигура дека „НАТО е способен да ги исполни своите должности и мандат“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков

Русија ја предупредува Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Русите ја презедоа контролата врз селото Богдановка

Предраг Петровиќ