Столтенберг: Критиките на Трамп создадоа чувство на итност во НАТО

Од:

По бурниот самит на НАТО, генералниот секретар Јенс Столтенберг изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп успеал да ја направи Алијансата посилна, со неговиот повик до сите земји-членки значително да ги зголемат своите воени расходи.

– Имавме многу искрена и отворена дискусија. Таа дискусија го направи НАТО да биде посилно и наметна чувство на итност. Дискусијата јасно ни стави до знаење дека ќе треба да ги удвоиме нашите напори, и јасната оттаму порака на претседателот Трамп беше ефикасна, изјави Столтенберг.

Трамп што средбата со Столтенберг јавно, пред камерите, ја критикуваше пред се Германија за кратењето во одбранбениот буџет, како и за руските врски на германски политичари и изградбата на гасоводот Северен Поток. За време на средбите, според Агенцијата Блумберг, Трамп дури се заканил и дека ќе ги повлече САД од НАТО доколку другите земји итно не го исполнат условот да трошат барем два проценти од својот бруто домашен производ на одбраната. Само четири членки го исполнуваат овој услов, при што голем дел од нив трошат под еден процент. Трамп побара во иднина овој процент да се зголеми на четири, приближно колку што САД трошат за одбрана секоја година.

Би можело да ве интересира

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

Белата куќа се противи на палестинската државност