Столтенберг ја повика Русија да го спаси ИНФ

Од:

Времето истекува за да се спаси клучниот договор за нуклеарни ракети со Русија, изјави за Би-Би-Си генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Тој вети „одмерен, одбранбен“ одговор ако Русија повторно не ги почитува одредбите од спогодбата до 2 август, кога е крајниот рок.

-Мора да бидеме подготвени за светот…со повеќе руски ракети, рече Столтенберг.

Договорот за елиминација на нуклеарните проектили од среден и краток дострел (ИНФ) е постигнат меѓу САД и СССР во 1987 година.

Американскиот претседател Доналд Трамп во февруари најави дека САД ќе ги прекинат своите обврски кон ИНФ, обвинувајќи ја Русија дека ги крши неговите одредби.

Русија ги негираше тие тврдења, но набрзо потоа ги прекина своите обврски и најави планови за развој на нов систем на вооружување.

Во интервјуто за британскиот сервис, Столтенберг рече дека руските ракети, за кои вели дека „јасно го кршат договорот“, се нуклеарни, мобилни, многу тешки за откривање и способни да стигнат во европските градови во рок од неколку минути.

– Тоа е сериозно. Договорот ИНФ беше камен-темелник во контролата на оружјето со децении и сега го гледаме неговиот крај, рече Столтенберг.

Би можело да ве интересира

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски