Столтенберг ја отфрли можноста за исклучување членки на НАТО

Од:

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска изјави дека постојат мали шанси оваа организација некогаш да воведе систем на исклучување на своите членки.

– НАТО нема механизам за исклучување на членките. Нема да препорачам тоа да биде вклучено во нашиот основачки договор, истакна Столтенберг во Рига пред состанокот на министрите за надворешни работи на Алијансата.

Тој додаде дека и да го предложи, тоа никогаш нема да се случи бидејќи за таква одлука е потребен консензус од сите 30 членки, што значи дека секоја земја има право на вето.

За време на дводневниот состанок, министрите ќе разговараат за предлозите на генералниот секретар за измена на Стратешкиот концепт на НАТО, документ кој ја опишува мисијата на Алијансата и планот за прилагодување на современите безбедносни предизвици.

Последниот стратешки концепт беше усвоен во 2010 година и не ја споменува Кина или климатските промени. Најавено е дека конечниот текст на Стратешкиот концепт ќе биде усвоен на самитот на НАТО во Мадрид во јуни 2022 година.

Би можело да ве интересира

Четири години од членството во НАТО – Земјава не е само фактор на стабилизација на регионот, туку и поттик за државите во соседството

ВИДЕО: 25 години од НАТО нападот на Србија

Катерина Ѓуровски

Отворен ден на АРМ по повод годишнина од членството на Македонија во НАТО

А1он

Допис од НАТО покажува дека Ковачки бил одбиен за безбедносен сертификат, тој вели: Не сум бил одбиен, ниту сум го повлекол барањето

Александар Тодески

НАТО: Продолжуваме да ја поддржуваме Украина и да ја зајакнуваме одбраната, Русија е најголемата закана

Романскиот претседател Клаус Јоханис ја објави својата кандидатура за шеф на НАТО