Степанов: Украина се движи кон епидемиолошка катастрофа

Од:

Епидемиолошката ситуација со новиот коронавирус во Украина е блиску до катастрофа и нацијата мора да се подготви за најлошото сценарио, предупреди денеска украинскиот министер за здравство Максим Степанов.

Во изминатите 24 часа регистрирани се 8.899 новозаболени луѓе со Ковид-19, а вкупно во земјата има 411.093 инфицирани и 7.532 смртни случаи од почетокот на епидемијата.

– Доколку Украинците продолжат вака сериозно да не ги почитуваат безбедносните мерки нема да можеме да ја избегнеме катастрофата. Престои најтешкото, наведе Степанов.

Тој минатиот есец најави дека ќе бидат воведени построги мерки доколку бројот на заразени на дневно ниво изнесува од 11.000 до 15.000 луѓе, при тоа потенцирајќи дека здравствениот систем на Украина ќе колабира доколку бројот на заболени во еден ден биде поголем од 20.000 луѓе.

Би можело да ве интересира

Грците го преполнија центарот на Атина, редици пред продавниците

Ана Ололовска

599 нови случаи на Ковид-19 во Хрватска

Ана Ололовска

Министерката за здравство со „магија“ се бореше против коронавирус, па се зарази

Ана Ололовска

10.000 жители на Хонг Конг ќе останат дома додека не бидат тестирани сите

Ана Ололовска

Во Италија намалена брзината на ширење на коронавирусот

Ана Ололовска

Мелбурн 17-ти ден без случаи на Ковид-19, во пресрет на „Австралија Опен“

Ана Ололовска