Стејт департментот ја поздрави одлуката на македонското Собрание за уставните измени

Од:

Државниот секретар на САД Мајк Помпео изјави денеска дека САД ја поздравуваат одлуката на Собранието, за усвојување на уставните амандмани неопходни за ратификација на Договорот од Преспа за решавање на спорот со името со Грција.

– Македонските лидери демонстрираа визија, храброст и истрајност во настојувањето да најдат решение за спорот со името, што ќе овозможи Македонија со право да го заземе нејзиното место во НАТО и Европската унија како Република Северна Македонија, се наведува во соопштението на Стејт департментот.

Помпео посочи дека, САД ја гледаат одлуката како историска шанса за унапредување на стабилноста, безбедноста и просперитетот во регионот.

Би можело да ве интересира

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност