Стејт департмент: Северен тек 2 нема да стане оперативен ако Русија ја нападне Украина

Од:

Портпаролот на американскиот Стејт департмент Нед Прајс во средата изјави дека гасоводот Северен тек 2 меѓу Русија и Германија нема да напредува доколку Русија ја нападне Украина.

– Сакам да бидам многу јасен: ако Русија ја нападне Украина на еден или друг начин, Северен поток 2 нема да оди напред“, рече Прајс. – Нема да навлегувам во детали. Ќе работиме со Германија за да се осигураме дека тоа нема да оди напред, додаде тој.

Енергетскиот проект во Европа, Северен тек 2, е дизајниран да ја удвои количината на гас од Русија директно до Германија, заобиколувајќи ја традиционално транзитната држава Украина. Проектот се соочува со отпор во Европската унија, САД, како и Украина, бидејќи ја зголемува енергетската зависност на Европа од Русија и ги скратува украинските транзитни такси.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски