Стејт департмент: Руските планови за освојување на Украина нема да се реализираат

Од:

Стејт департментот синоќа изрази увереност дека руските планови за освојување на Украина нема да се реализираат, и оти само предизвикуваат огромни човечки, хуманитарни, материјални и економски загуби.

-Украина не била и нема да биде освоена. Таа останува суверена и независна. И како оваа војна изминува, храброста и силата на војската и народот на Украина стануваат уште поочигледни и по исклучителни, изјави синоќа во телефонски брифинг за новинарите Ведант Пател, претставник на Стејт департментот.

Според него, „Украинците ќе направат сè што е потребно да ги заштитат своите домови, семејства, сонародниците, нивната земја.

-Преговорите на Украина со Русија не се закочени бидејќи Украина свртела грб на дипломатијата. Тие се закочени бидејќи Русија продолжува да води војна, изјави Пател.

Тој потсети дека загубите од сеопштата војна на претседателот Путин против Украина продолжуваат да се зголемуваат во изгубени човечки животи, раселени лица, криза во снабдувањето со храна.

-Илјадници цивили се убиени или ранети, 13 милиони украински граѓани се присилени да ги напуштат своите домови, историски градови претворени во урнатини, недостаток на храна, огромни цени на храната низ целиот свет, и сето ова поради тврдата решителност на претседателот Путин да освои друга земја, изјави Пател.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Руските војници ја уништија работилницата на украинската армија за производство на беспилотни летала

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Нова корупциска афера во Украина, осомничен е министер за земјоделство

Русите прават голем напредок во источна Украина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

Унгарија повторно ќе ја блокира помошта за Украина