Стејт департмент: Остварен голем напредок против тероризмот

Од:

Соединетите Американски Држави и нејзините партнери остварија голем напредок во борбата против меѓународните терористички организации во 2018 година, се наведува во годишниот извештај на Стејт департментот за борба против тероризмот, објавен синоќа.

Како што е наведено во извештајот, заеднички е ослободена речиси целата територија што порано ја имаше Исламската држава во Сирија и Ирак, или површина од околу 110.000 квадратни километри и 7,7 милиони мажи, жени и деца се ослободени од бруталното владеење на Исламската држава. На тој начин е отворен патот за конечно уништување на таканаречениот „калифат“ во 2019 година.

Во исто време, САД и нејзините партнери го продолжија прогонот на Ал-Каеда во светот, а САД применија максимален притисок врз Иран за да спречат поддршка на тероризмот. Санкциите за државните актери во Иран и нивните соработници се значително проширени и се создаде посилна меѓународна политичка волја за да се спротивстави на овие закани, пренесува „Гласот на Америка“.

И покрај успесите, ситуацијата во 2018 година и натаму беше комплицирана, се вели во извештајот. Иако Исламската држава ја изгуби речиси целата физичка територија, групата успеа да се прилагоди, особено преку своите напори да ги инспирира и манипулира своите следбеници преку Интернет. Во текот на изминатата година, глобалното присуство на Исламската држава еволуираше поради сродните мрежи и групи кои вршеа напади на Блискиот исток, јужна и источна Азија и во Африка. Покрај тоа, закоравените терористи од воената зона во Сирија и Ирак се вратија дома или ги испратија во трети земји, каде се заканува нова опасност од нив.

Сириските демократски сили, партнери на САД, заробија стотици борци на ИСИС минатата година. САД сакаа да бидат пример и имаше судења за американски граѓани кои се бореа со терористите во странство. Во меѓувреме, домашните терористи, инспирирани од идеологијата на Исламската држава, планирале и вршеле напади на таканаречени „меки цели“, вклучувајќи хотели, ресторани, стадиони и други јавни места. Нападот на Божикниот пазар во Стразбур, Франција, извршен во декември 2018 година, во кој загинаа три лица и беа повредени 12, ја покажа способноста на домашните терористи да извршат удрат во срцето на Западна Европа, констатира Стејт департментот.

Иран и натаму е најголем спонзор на тероризмот во светот, се наведува во извештајот и се додава дека режимот во Техеран троши околу една милијарда американски долари секоја година за поддршка на терористичките групи кои се борат за неговите цели и шират малигни влијанија ширум светот. Техеран финансира меѓународни терористички групи како што се Хезболах, Хамас и палестинскиот исламски џихад. Иран исто така работи на сопствените терористички заговори во светот, а особено во Европа, се наведува во извештајот.

Во документот се истакнува дека Ал-Каеда и нејзините регионални ограноци остануваат закана за Соединетите држави, нивните партнери, сојузници и интереси, бидејќи Исламската држава претрпе загуби, Ал-Каеда сака повторно да се позиционира како предводник на глобалното џихадистичко движење.

Во октомври Белата куќа ја објави Националната стратегија за борба против тероризмот, прва од 2011 година. Таа ја истакна потребата да се одговори на широкиот спектар терористички закани со кои се соочува земјата, вклучувајќи ги ИСИС, Ал Каеда и групите за поддршка на Иран.

Во извештајот се истакнува дека САД ги продолжија своите напори за спречување на финансирање на тероризмот и дека ограничувањето на терористичките движења останува голем приоритет.

Би можело да ве интересира

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Едно лице загина откако цистерна со нафта експлодира на автопат во Алабама

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат