Стејт департмент: ОН обелоденија една од најзагрижувачките статистики за безнадежноста и хуманитарната криза во Венецуела

Од:

САД ја изразуваат својата загриженост поради грубо нарушените човекови права и насилствата наведени во извештајот за човекови права на ОН, се вели во синоќешното соопштение на американскиот Стејт департмент.

-Извештајот ја прикажува длабочината на безнадежноста и хуманитарната криза во Венецуела. Потврдува дека режимот на Николас Мадуро и неговите бандити грубо ги нарушуваат човековите права на народот во Венецуеал и им ги одземаат основните права на слобода преку систематска репресија, тортура и застрашувања, изјави портпаролката Морган Ортегус.

Се додава дека ОН обелодениле една од најзагрижувачките статистики за тоа како специјалните сили на бившиот режим на Мадуро убиле најмалку 5,287 луѓе во 2018 година и најмалку уште 1,569 до средината на мај 2019 година.

Се укажува дека во извештајот се наведени детали за измачувањето и ликвидацијата на Рафаел Акоста Аревало, офицер во морнарицата на Венецуела „кој починал откако бил задржан од бандитите на Мадуро и нивните кубански помошници“.

-Изразуваме длабоко сочувство до неговото семејство и до најблиските, додаваат од Стејт департментот.

Се укажува дека ниту една диктатура не трае вечно.

-Венецуела наскоро ќе биде слободна а оние одговорни за злоупотребите и нарушените човекови права ќе одговараат. Меѓународната заедница треба да го осуди нелегитимниот режим на Мадуро, се вели во ссопштението и се апелира до сите земји кои сеуште не го признале Хуан Гуаидо за вршител на должноста претседател на Венецуала да го сторат тоа.

Би можело да ве интересира

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Едно лице загина откако цистерна со нафта експлодира на автопат во Алабама

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат