Стејт департмент: Односите со Германија длабоки и силни

Од:

Односите на САД со Германија остануваат длабоки и силни, соопшти Стејт департментот, по повод скандалот во врска со американското шпионирање во Германија.

Соопштението уследи откако американскиот амбасадор се сретна во Берлин со високиот германски претставник за да разговараат за најновите откритија врзани за шпионирањето во кое учествувала американската Национална безбедносна агенција (НСА).

– Наша желба е да нема никаква напнатост во односите, рече порпаролот на Стејт департментот Џон Кирби.

Кирби не сакаше да открие детали од состанокот на американскиот амбасадор со шефот на кабинетот на германската канцеларка Ангела Меркел.

Би можело да ве интересира

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Најмалку 52 лица загинаа во ураганот Хелена, речиси пет милиони луѓе останаа без струја

САД ќе ја поддржи Македонија во обидот да се пробие блокадата на патот кон ЕУ, порача Касаноф на Сиљановска

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Експлозија во судница во Калифорнија, двајца повредени