Стејт департмент: Блинкен позитивен на коронавирус, немал близок контакт со Бајден

Од:

Вашингтон, 5 мај 2022 (МИА) – Американскиот државен секретар Ентони Блинкен е позитивен на коронавирусот и има благи симптоми, соопшти Стејт департментот.

Хина ја пренесува Белата куќа во веста дека дека американскиот претседател не бил негов близок контакт.

„Државниот секретар ќе се изолира дома и виртуелно ќе работи. Тој со нетрпение очекува да се врати во Стејт департментот и да ги продолжи своите должности и патувања што е можно поскоро“, се наведува во соопштението на Стејт департментот.

Шефот на американската дипломатија беше целосно вакциниран, вклучително и со засилена доза, а неколку дена не се видел ни со претседателот Џо Бајден.

-Американскиот претседател не се смета за близок контакт на Блинкен, изјави портпаролката на Белата куќа Џен Псаки.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Бајден: Канибалите го изедоа вујко ми

(ВИДЕО) Нов гаф на Бајден: И се заблагодари на „Чехословачка“

САД: Северна Македонија да го одржи духот на Договорот од Преспа

Бајден е горд на проширувањето на НАТО до границите со Русија

ВИДЕО: Бајден го нарече пристапот на Нетанјаху кон војната во Газа „грешка“

Катерина Ѓуровски

Бајден се закани, Нетанјаху дозволи кордори за влез на помош во Газа