Стејт департмент: Америка е јасна – целосно одложување, а не делумно или етапно

Од:

МИА БАЛКАН МК
Стејт департмент: Америка е јасна – целосно одложување, а не делумно или етапно
Белград, 1 ноември 2022 (МИА) – Меѓународната заедница побара од Приштина целосно одложување на спроведувањето на одлуката за пререгистрација на возилата, а не делумно одложување или етапно спроведување, изјави портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс, јави дописникот на МИА од Белград.

Прајс за американскиот медиум „Павловиќ Тудеј“ изјави дека САД се разочарани и загрижени затоа што Косовската влада не ги послушала барањата и советите на „најблиските меѓународни партнери“ за одложување на рокот за пререгистрација на возилата.

Зборувајќи за тоа што ќе направи администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден доколку премиерот на Косово, Албин Курти, продолжи да им противречи на САД, на американскиот државен секретар Ентони Блинкен, кој го повика да го продолжи рокот за пререгистрација и на ЕУ, Прајс рече дека е јасна пораката на администрацијата на Бајден до Курти.

Тој потсети дека минатата недела САД објавија соопштение во кое го изразија своето јасно уверување и убедувањето на нивните меѓународни партнери дека владата во Приштина треба да го продолжи периодот на спроведување на одлуката за пререгистрација на возилата.

-Бевме јасни, и јавно и приватно дека меѓународната заедница, вклучително и САД, бара целосно одложување на спроведувањето на овие прашања. Не гледаме делумно одложување. Не гледаме фазна имплементација. Меѓународната заедница побара од владата на Косово целосно да го одложи спроведувањето, подвлече Прајс.

Тој рече дека САД ќе останат во близок контакт со своите партнери во регионот и со ЕУ.

-Ги охрабруваме Косово и Србија да продолжат да учествуваат во дијалогот, кој се води со посредство на ЕУ, рече Прајс.

Српскиот вицепремиер и министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, синоќа истакна дека српската влада нема да ги повика Србите од Косово да ги прифатат „РКС“, регистарски таблички и да нема да дозволи закани и погроми врз српскиот народ.

-Како што слушнавте од претседателот Вучиќ, ние сакаме компромис, не сакаме да направиме ниту еден потег што би се протолкувал како инцидент или провокација, но слушнавте и дека самите Срби ќе ги бранат своите интереси. Србија сигурно нема да дозволи никој да се заканува или да изврши погром врз Србите – рече Дачиќ.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

САД: Северна Македонија да го одржи духот на Договорот од Преспа

Новинарите летале со Бајден во претседателскиот авион и краделе навлаки за перници, чинии…

Предраг Петровиќ

Стејт департмент: Израел уверува дека сака дипломатско решение со Хезболах

Стејт департмент: Реториката на израелските министри е запалива и неодговорна

Стејт департментот одобри продажба на оружје на Израел, го заобиколи Конгресот

Стејт департмент: Договорот за НАТО стапи во сила за Македонија