Стефани Гришам заминува од функцијата портпарол на Белата куќа, ќе работи како шеф на кабинетот на Меланија

Од:

Портпаролката на Белата куќа, Стефани Гришам повеќе нема да ја извршуваа таа функција, туку ќе работи како шеф на кабинетот на првата дама на САД, Меланија Трамп.

Таа на местото портпаролка на Белата куќа е поставена во април минатата година, каде ја замени Сара Сандерс, а интересно е што оттогаш нема одржано ниту една прес-конференција.

Новиот шеф на кабинетот на американскиот претседател, Доналд Трамп, Марк Мидоуз е задолжен да именува нов портпарол на Белата куќа, а меѓу најсериозните кандидати се портпаролката на Министерството за одбрана, Алиша Фара и портпаролката на кампањата на шефот на државата, Кајли Мекинани.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Крвав напад со нож во САД, четворица мртви

САД воведоа санкции за ентитети кои наводно им помагале на Хутите и Хезболах

САД бара од Украина да ги запре нападите врз руските рафинерии

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

ВИДЕО: Американската милјардерка која со Тесла излета во езеро и се удави била пијана

Малолетник убил девојче со 114 убоди од нож, сега му се заканува доживотен затвор

Горан Наумовски