Стечајна постапка за филијалите на „Томас Кук“ во Германија и Полска

Од:

Германскиот огранок на британскиот тур-оператор „Томас Кук“, кој прогласи банкрот, соопшти дека покренал постапка за стечај, вклучително и постапка за разделување од матичната компанија.

Судска постапка започна и полската филијала на неуспешниот британски тур-оператор, а австриската филијала објави дека во текот на денот ќе се изјасни за својата состојба.

Меѓутоа, германската филијала информира дека постапката за стечај е покрената со намера да се раздели од нејзината матична компанија и да продолжи да работи самостојно, бидејќи смета дека работењето и е на здрави основи и има можности за тоа.

Полската подружница на Томас Кук – Некерман Полска, исто така објави денеска стечај и побара од полските власти да ги преземат трошоците за враќање на 3.600 полски туристи кои останале во странство по банкротот на тур-операторот.

Би можело да ве интересира

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас

Германија: Стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето канабис