Старџен: Независноста на Шкотска е на дофат

Од:

Шкотската прва министерка, Никола Старџен, им порача на илјадници приврзаници во Глазгов денеска, дека бара нов референдум за независност и дека независноста на Шкотска е „на дофат“.

– Изборите на 12 декември се најважни за Шкотска во нашата епоха. Иднината на нашата земја е во прашање, рече лидерката на Шкотската национална партија.

Таа нагласи дека изгледите за независна Шкотска се „на дофат на рака“ и ги повика граѓаните да гласаат што е можно повеќе и да гласаат за таа партија.

Старџен сака референдумот за независност да се одржи во 2020 година, проценувајќи дека Брегзит ги променил околностите под кои 55 проценти од Шкотите гласаа во 2014 година да останат во Велика Британија.

Таа минатиот месец на конгрес на нејзината партија нагласи дека гласањето „треба да се одржи следната година“. Планот е да се побара дозвола од британската влада за одржување референдум до Божиќ.

Би можело да ве интересира

Поранешната шкотска премиерка пуштена на слобода

Ана Ололовска

Уапсена поранешната шкотска премиерка

Ана Ололовска

Трансродов месар намами девојка во автомобил, ја злоставуваше 27 часа

Горан Наумовски

Во Шкотска убиен и запален маж, неговото јагленосано телото оставено во близина на детско игралиште

Дете падна во шахта длабока шест метри и се удави-истрага после три години

Предраг Петровиќ

Доживотен затвор за маж кој ја турна бремената сопруга од карпа во Единбург

Ана Ололовска