Старџан планира воведување „шкотска виза“ за да ја поттикне миграцијата по Брегзит

Од:

Лидерката на Шкотската национална партија Никола Старџан планира да воведе „шкотска виза“ во обид да ја поттикне миграцијата, што ќе биде ограничена со прекинот на слободата на движење по Брегзит, пишува денеска весникот „Шкотланѓанец“.

Планот на Старџан има за цел да се справи со „депопулацијата“ и идниот претпоставен недостиг на квалификувана работна сила и ќе биде темелен на планот за миграција на Австралија и на Канада.

Според шкотската Влада, растот на населението во овој британски дел од островот во следните 25 години во извесен степен ќе зависи од миграцијата, во контраст со останатиот дел од Велика Британија.

Во Единбург се појавија стравувања дека владата на Џонсон ќе го прекине слободното движење по Брегзит и тоа во Шкотска може да доведе до недостиг на работна рака.

Владата во Единбург во оваа фаза одби да открие повеќе детали за овој план за визите, но Старџан и претходно ја изразуваше својата желба да ја реши демографската криза во овој британски субјект преку поттикнување на миграцијата.

„Првиот министер (Старџан) ќе ги потцрта повеќето детали, но оваа политика добро функционира во Канада и Австралија и во некои тамошни провинции и држави. Тие покажаа дека е можно да имате различни приоди за различни делови од една суверена држава“, изјави владиниот портпарол од Единбург.

Во објавените документи за ова прашање од минатата година, владата пројави желба да проучи како може да воведе таква виза. Според неа, мигранстката политика на Шкотска треба да се измени „во рамките на Велика Британија“ и така што ќе „одговара на потребите на Шкотска“.

Би можело да ве интересира

Поранешната шкотска премиерка пуштена на слобода

Ана Ололовска

Уапсена поранешната шкотска премиерка

Ана Ололовска

Трансродов месар намами девојка во автомобил, ја злоставуваше 27 часа

Горан Наумовски

Во Шкотска убиен и запален маж, неговото јагленосано телото оставено во близина на детско игралиште

Дете падна во шахта длабока шест метри и се удави-истрага после три години

Предраг Петровиќ

Доживотен затвор за маж кој ја турна бремената сопруга од карпа во Единбург

Ана Ололовска