Стапката на невработеност во Франција се спушти на 8,5 отсто во вториот квартал

Од:

Стапката на невработеност во Франција го достигна најниското ниво од 2009 година, откако во вториот квартал од годината се намали за 0,2 индексни поени, соопшти Националниот институт за економски и статистички студии -ИНСЕЕ.

Министерката за труд Муриел Пеницико го поздрави овој резултат, притоа потенцирајќи дека „битката за вработување продолжува“.

Стапката на невработеност опадна за 0,2 поени во вториот квартал на 8,5 отсто од работната сила во Франција (со исклучок на островот Мајот). Ова намалување ја донесе Франција на најниско ниво од почетокот на 2009 година, покажуваат податоците објавени од ИНСЕЕ. Во европскиот дел на Франција има вкупно 2,52 милиона невработени.

Само во европскиот дел на Франција стапката паѓа за 0,2 поени во текот на едно тримесечие или 66.000 помалку неврабогтени.

Овој пад влијаеше врз сите возрасни групи на невработени, и е повидлив кај младите на возраст од 15-24 години, каде стапката на невработеност опадна за 0,6 поени, на 18,6 отсто. Падот останува помалку изразен кај возрасната група 25-49 години и кај луѓето над 50 години, каде е 0,2 отсто во текот на едно тимесечие.

Во меѓувреме, долгорочната невработеност останува стабилна на 3,2 отсто од активното население, што претставува намалување само за 0,1 поен за едно тримесечие и 0,4 поени за една година. Имено 900.000 лица велат дека бараат работа барем една година.

Овие резултати покажуваат и зголемување од 0,2 процентен поен во стапката на вработеност со полно работно време, што изнесува 54,7 отсто во однос на 54,5 отсто во претходното тримесечие. Стапките на вработеност остануваат стабилни за сите видови договори, без разлика дали се постојани договори (49,7 отсто), договори на определено време или привремени договори (7,6 отсто или други форми на вработување (8,8 отсто).

Покрај тоа, ако уделот на невработени лица – оние кои би сакале да работат повеќе, како што се вработени со скратено работно време – е намален (-0,1 поен, на 5,2 отсто), бројот на лица во „ореолот околу невработеноста“ нагло се зголемува. Овие лица кои сакаат да работат, но кои не се земаат предвид во пресметките затоа што не бараат активно работа или не се веднаш достапни, сега во Франција изнесуваат 1,5 милион лица, односно дополнителни 63.000 лица за едно тримесечие.

Затоа, има намалување на невработеноста во вториот квартал, иако е пониско отколку во првиот. Забележливо е зголемување на работата со полно работно време и поголем просечен пад на стапката на невработеност кај младите. ИНСЕЕ проценува дека до крајот на 2019 година стапката ќе биде стабилизирана на 8,3 отсто.

Овој нов пад на невработеноста доаѓа откако Муриел Пенико, министерката за труд, се потсети на амбицијата на владата: „да се постигне стапка на невработеност од околу седум отсто во 2022 година“. За постигнување на оваа цел, министерката смета на реформата на осигурувањето во случај на невработеност, чија уредба за спроведување беше објавена во Службениот весник на 26 јули.

Пенико преку Твитер го поздрави овој резултат посочувајќи дека имало „300.000 невработени помалку“ од изборот на Емануел Макрон пред две години. Министерката рече дека „реформите на владата се исплаќаат“: според неа, промените направени од 2017 година ги уверија деловните субјекти, кои „веќе не се плашат да вработуваат“, а младите имаат корист од поедноставено стажирање .

-Битката продолжува, вели таа.

Државниот секретар Агнес Пениер-Рунахер, исто така, ги поздрави овие податоци, објаснувајќи дека „работата на работните налози, реформата на стручната обука и школувањето вродија со плод!“

Целта на властите, сепак, ќе биде тешко исполнива. Минатиот септември, економистот Матиу План за „Ле Фигаро“ објасни дека оваа „амбициозна“ бројка ќе бара „многу динамично темпо на создавање работни места“. И ова, во моментот кога меѓународниот економски контекст подвлекува забележително забавување во еврозоната.

Би можело да ве интересира

Зошто (и) во Франција има многу насилство врз жените

Ана Ололовска

Макрон пред почетокот на Европскиот совет не кажа ништо во однос на проширувањето

Францускиот Сенат го ратификуваше Протоколот за членство во НАТО

Татјана Ташкова

Од Франција, Белгија и Германија депортирани 100 албански државјани

Макрон: Франција и Германија бараат прекин на турската офанзива

Татјана Ташкова

Макрон и Меркел сакаат единство во ЕУ пред самитот за Брегзит

Ана Ололовска