Стапката на наталитет во САД падна за четири отсто на најниската точка досега

Од:

Стапката на наталитет во САД падна шеста последователна година во 2020 година, со најмал број родени бебиња од 1979 година.

Според најновиот извештај, приближно 3,6 милиони бебиња се родени во Соединетите Американски Држави во 2020 година, што е за четири проценти помалку од претходната година, утврди Националниот центар за здравствена статистика при американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ).

Според податоците, пад е забележан кај сите регистрирани раси и етнички групи.

Националната слика го одразува падот на бројот на раѓања забележан низ целиот свет, тренд што според некои експерти е забрзан од пандемијата на коронавирусот.

Во 2020 година, вкупната стапка на плодност во САД беше околу 56 раѓања на 1.000 жени – најниска евидентирана стапка и околу половина од таа која била на почетокот на 1960-те.

Пад на стапката на наталитет е забележан кај сите расни и етнички групи. Бројот на раѓања падна за 4 отсто кај белците, црнците и Латиноамериканките, 9 отсто кај Азијките, 3 отсто кај Хавајките и на другите мали пацифички острови и 7 отсто кај Индијанките и жените на Алјаска.

Би можело да ве интересира

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност