Средбата на премиерот на Австралија и претседателот на Кина – знак за затполување на билатералните односи

Од:

Премиерот на Австралија, Ентони Албанезе и кинескиот претседател Си Џинпинг, по неколку години студени односи, денеска се обидоа да ја заживеат билатералната соработка на маргините на самитот на лидерите од Групата 20, што се одржува во Индонезија.

Лидерите на Австралија и Кина имаа краток состанок во 2019 година за време на самитот на Групата 20 индустриски најразвиени држави во светот и земји во развој во Јапонија. Но, немаше формални разговори пет години.

Си призна за „тешкотии“ меѓу двете држави, наведувајќи дека тоа не е она што го посакувале, бидејќи и Кина и Австралија се важни земји за азиско-пацифичкиот регион.

– Би требало да ги унапредуваме, да ги одржуваме и развиваме нашите односи, затоа што тоа е суштински интерес на нашите два народа, подвлече кинескиот претседател.

По состанокот, Албанезе на Твитер го поздрави „позитивниот и конструктивен разговор“.

Состанокот што траеше точно 32 минути, сведочи за пресвртницата во односите меѓу двете ривалски земји во јужниот дел на Пацификот.

По долгиот и студен период обележан со апсења на Австралијци во Кина, во јуни двете земји ги обновија разговорите на министерско ниво.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Избезумени коали се држат за дрвја за време на сеча

(ВИДЕО) Во Кина: Експлозија на гас во ресторан, две лица загинаа, 26 се повредени

Горан Наумовски

Земјотрес во Австралија, епицентарот бил на 65 километри од Сиднеј

Кина: Нема добро оправдување за масакрот на цивилите во Газа

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Австралиец врзал мали деца откако ги фатил како се капат во базен

Кина најави дека ќе ја „трансформира економијата“, се очекува голем раст

Горан Наумовски