Средба на „нормандиската четворка“ во Минск за украинската криза

Од:

Лидерите на Русија, Украина, Германија и Франција денеска ќе се сретнат во Минск поради разговори за решавање на украинската криза.

Состанокот за прекин на крвопролевањето во Украина ќе биде насочен, пред се, на повлекување на тешкото оружје, создавање демилитаризирана зона во источниот дел на Украина и започнување дијалог меѓу Киев и проруските сили.

Според дипломатски извори, најголема пречка ќе претставува демилитаризираната зона, за која Москва бара ОБСЕ да ја преземе контролата.

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин, шефот на украинската држава Петро Порошенко, германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд ќе започне по 18 часот по локално време.

Состанокот во Минск ќе се одржи зад затворени врати, соопшти белоруското Министерство за надворешни работи.

„Нормандиската четворка“ синоќа начелно договорила начин за повлекување на тешкото вооружување и режим за прекин на огнот и механизмите за контрола кои треба да се почитуваат.

Би можело да ве интересира

Експлодираше гасовод во регионот на Харков

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски

Би-Би-Си: Убиени се најмалку 50.000 Руси

Медиуми: Експлозија на воениот аеродром на Крим, затворен дел од автопатот

Нов воздушен напад во Луганск

А1он