Средба Меркел-Макрон во пресрет на германското претседателство со ЕУ

Од:

Германската канцеларка, Ангела Меркел во Берлин се сретна со францускиот претседател, Емануел Макрон, во време кога Германија се подготвува да го преземе претседателството со Европската унија.

Германија на 1 јули го презема шестмесечното претседателство со ЕУ, во време кога ЕУ се соочува со голем предизвик да се обиде да ги врати економиите на своите 27 членки и да ја обнови слободата на движење меѓу земјите, а при тоа да не предизвика втор бран на пандемијата на коронавирусот.

Меркел изминатиов викенд рече дека е убедена оти Европа може да ги надмине предизвиците, и покрај тоа што коронавирусот сè уште претставува закана и додаде дека мерките за економско закрепнување на ЕУ треба да бидат донесени што е можно поскоро.

Во мај, Меркел и Макрон предложија формирање на еднократен фонд за закрепнување во вредност од 500 милијарди евра.

Предлогот го прошири Европската комисија, која предложи формирање на фонд во вредност од 750 милијарди евра, кој претежно би се состоел од грантови.

Но, ЕК се соочува со отпор од некои земји, кои се проти неповратни средства и одбиваат да ги обезбедат средствата без никакви обврски на корисниците.

Би можело да ве интересира

Блумберг: Макрон е силен на зборови, но не издвојува пари за Украина

Горан Наумовски

Макрон: Присилното преселување на населението од Газа е воено злосторство

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Макрон: Русија не е голема сила

Горан Наумовски

Макрон: Европа треба да се подготви за војна ако сака мир

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне