Средба Блинкен-Лавров во Стокхолм за затегнатата ситуација околу Украина

Од:

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен синоќа се сретна со својот руски колега Сергеј Лавров при што му навести дека Москва че има „сериозни трошоци“ доколку руската армија навлезе во Украина и повика на дипломатски излез од кризата, соопштија денеска од Стејт департментот.

Тет-а-тет средбата Блинкен-Лавров во Стокхолм следува еден ден по изјавата на Вашингтон дека САД одлучно ќе реагираат, вклучувајќи употреба на засилени санкции, во случај Русија да ја нападне соседната земја.

„Најдобриот начин да се надмине кризата е дипломатијата… Москва и Киев треба да ги исполнат своите обврски од мировниот процес од Минск за запирање на огнот во Донбас“, изјавил Блинкен, соопштија од Стејт департментот.

Тој побарал почитување на договорот усогласен во 2014 година и разработен за завршување на војната што ја водат проруските сепаратисти против украинските владнини сили во источна Украина, во која досега загинаа околу 15.000 лица.

Вашингтон е спремен да го поддржи процесот, но, според Блинкен, „ако Русија одлучи да продложи со конфронтацијата, тоа ќе донесе сериозни последици“.

-Ако Москва избере пат на воена ескалација, државниот секретар стави јасно до знаење дека Соединетите Држави и нашите сојузници се спремни да нанесат значајни трошоци, соопшти официјалниот претставник Нед Прајс.

Лавров од своја страна укажал дека Русија е подготвена на дијалог со Киев.

-Како што кажа претседателот (Владимир) Путин, ние не сакаме конфликти, изјави тој.

Дипломатите разговарале околу 30 минути, а во кулоарите на конференција на ОБСЕ во Стокхолм.

Според некои американски медиуми, Блинкен и Лавров имале „сериозна, трезвена и деловна“ средба. Имале конструктивна размена на мненија за исполнување на договореното од Минск како можен излез од кризата и во наредните денови, најверојатно, ќе се интензивира дипломатската размена.

Вчера од руското МНР укажаа дека Русија се надева на „контакт“ меѓу претседателот Владимир Путин и претседателот Џо Бајден, што би можел да се случи во наредните денови, со оглед на тоа дека ситуацијата околу Украина ескалира.

Други точки по кои се разговарало на средбата Блинкен-Лавров биле билатералните односи и теми каде интересите на двете земји се совпаѓаат, вклучувајќи ја блокадата за Иран да развие нуклеарно оружје. Двајцата дискутирале и за ситуацијата во јужен Кавказ, при што државниот секретар го поздравил обновениот дијалог меѓу Ерменија и Азербејџан.

Блинкен исто така побарал итно ослободување на двајца Американци кои се во затвор во Русија – Пол Велан и Тревор Рид.

Би можело да ве интересира

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Украина: Во рускиот напад на областа Дњепропетровск загинаа 8 лица, 29 се повредени

Горан Наумовски

Експлодираше гасовод во регионот на Харков

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата