Србин во Швајцарија е осуден дека 140 пати ја силувал својата ќерка

Од:

Таксист и сликар кој живее во Швајцарија е осуден дека повеќепати ја силувал својата тогаш 16-годишна ќерка во викендица во Србија во март 2018 година. А откако се врати во Винтертур продолжил сексуално да ја злоставува. Според обвинението тоа го направил околу 140 пати.

Врховниот суд ја потврди првичната пресуда на Окружниот суд и насилникот е осуден на 10 години затвор.

Окружниот суд во Винтертур го осуди мажот на десет години затвор и 15 години егзил во ноември 2021 година. Со ова судот го надмина барањето на обвинителот, кој побара казна од осум години за инцест, силување, сексуален напад и други кривични дела.

Осомничениот поднесе жалба на пресудата, а случајот се разгледуваше во Врховниот суд.

– Јас сум невин, се е измислено – рече обвинетиот.

Тој истакна дека сака да знае зошто ќерката сакала да ги измисли овие обвинувања.

– Бев строг во воспитувањето и не се грижев доволно за нив. Имав афера со снаа ми и тоа ја отру атмосферата во семејството. Имаше заговор против мене. Твојот дечко и мојата сега разведена сопруга те манипулираа за да се ослободиш од мене – изјави обвинетиот во судницата говорејќи и на жртвата, неговата ќерка.

Обвинетиот има досие и пред ова грозоморно злосторство, бил во затвор 3,5 години во Германија поради вмешаност во грабеж на банка.

Неговиот адвокат побара ослободителна пресуда, како и отштета од околу 630.000 франци за три години минати во истражен и превентивен притвор.

– Недостигаат физички докази, иако се зборува дека жртвата била силувана 140 пати. Тоа не го забележале ниту мајката ниту помалата сестра од истото домаќинство, иако се наведува дека инцидентите се случиле во текот на една година. Тоа не е можно – рече адвокатот.

Наспроти ова, јавниот обвинител и адвокатот на жртвата бараа потврда на пресудата.

– Младата жена и понатаму страда од пост трауматско стресно растројство од сексуалниот напад и има напади на паника. Минатата година таа помина шест месеци на дневна психијатриска клиника. Таа ја повлече кривичната пријава во 2016 година под огромен притисок од нејзиното семејство – дури ни нејзината мајка тогаш не ѝ веруваше – рече адвокатот на жртвата.

Ќерката го пријави таткото и претходно, во 2016 година, но се откажа од кривично гонење на таткото.

Врховниот суд целосно ја потврди пресудата на Окружниот суд во Винтертур. Со него 44-годишникот е осуден на безусловна казна од 10 години затвор и 15 години протерување од државата за сторено силување, родосквернавење, закани и други кривични дела.

Освен тоа, на ќерката мора да и плати и отштета од 60.000 франци.

– Судот не се сомнева дека жртвата ја кажува вистината. Таткото вршел физичка принуда и психички притисок. Не го знаеме точниот број на напади, но претпоставуваме дека се работи за голема бројка – изјави на крајот судијата.

Би можело да ве интересира

МВР: 26-годишен маж сакал да силувала 68-годишна жена

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Швајцарија организира мировна конференција за Украина на 15 и 16 јуни

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано

Момче силувало малолетно девојче

За насилникот кој злоставуваше малолетничка се бара притвор, немала ни 15 години

Катерина Ѓуровски