Србин е уапсен во Виена: Се закануваше дека ќе убие „во живо“, а потоа побара пиштол

Од:

Во Виена е уапсен државјанин на Србија (34), кој во живо преку социјалните мрежи се закануваше дека ќе убие познаник.

Тој се закануваше дека ќе убие 38-годишник поради наводни навреди и малтретирање.

Од другар побара пиштол, па рече дека ќе оди во куќата во која живее 38-годишниот за да ја оствари заканата.

Обвинетиот, наводно, претходно неколку пати одел во куќата на 38-годишникот и таму му се заканувал.

За време на акцијата, во која учествуваше и полициски хеликоптер, полицајците на австриската специјална единица ВЕГА ги уапсија осомничените во близина на станот на 38-годишниот, пишува Хеуте.

Србинот со себе немаше огнено оружје, во станица призна за се, но објасни дека сакал само да го исплаши 38-годишникот.

По полицискиот распит по наредба на државното обвинителство во Виена е спроведен во затвор.

Би можело да ве интересира

Во Виена: Убиена млада мајка по потекло од поранешна Југославија

Војската излегува на улиците во Виена: Австрија го зголеми нивото на закана од тероризам

А1он

Пукање во Виена: Ранети четири лица

Пресврт во истрагата за случајот со загинатиот Србин на Кипар

Србин загина на пешачки премин во Кипар, возачот не го видел пешакот

Горан Наумовски

17-годишник со турско потекло е уапсен во Виена поради планирање терористички напад