Спречен обид за дисидентски протест поради полициско убиство на млад црнец на Куба

Од:

Група кубански дисиденти, уметници и новинари соопштија дека припадници на државната безбедност ги набљудуваат нивните домови за да ги спречат да присуствуваат на планираните протести заради полициското убиство на еден млад црнец во Куба.

Полицијата, исто така, уапси најмалку 40 дисиденти, од кои некои подоцна биле ослободени, соопшти групата за човекови права во егзил „Кубалекс“.

Меѓу нив се и уметничката Тања Бругуера во Хавана и лидерот на најактивната кубанска опозициска група, Хозе Даниел Ферер, кој се наоѓа во куќен притвор во Сантијаго де Куба.

Кубанската Влада засега не се огласи за апсењата и следењата, пренесуваат британските медиуми.

Невооружениот Хансел Хернандес (27) беше убиен минатата недела во полициска операција. Веста за убиството беше објавена на социјалните мрежи од неговата тетка, која побара правда.

Три дена кубанските власти не ги коментираа обвинувањата, а во саботата Министерството за внатрешни работи издаде соопштение во кое се наведува дека полицијата го бркала Хернандез, кој веќе бил во затвор за други дела.

Според кубанското МВР, Хернандес почнал да фрла камења кон нив и во рамото удрил еден полицаец. Полицијата соопшти дека полицаецот пукал во Хернандез откако прво испукал два предупредувачки куршуми и додава дека тој дејствувал во самоодбрана и без намера да убие.

Критичарите ја обвинуваат владата дека не успеала да покрене истрага, особено со оглед на тоа колку брзо кубанските власти ја осудија бруталноста на американската полиција против Афроамериканците, а медиумите ги објавија протестите низ градовите на САД.

Би можело да ве интересира

„Руси доaѓајте, сметаме на вас“

Предраг Петровиќ

Кубанци шверцувани низ Македонија и Србија до ЕУ – разбиена мрежа за криумчарење мигранти

А1он

Волстрит журнал: Кина гради шпионски објект во Куба за да ги прислушува САД

Куба ја откажа парадата на Меѓународниот ден на трудот поради постојаниот недостиг на гориво

Ана Ололовска

САД повторно почна да депортира Кубанци

Катерина Ѓуровски

Куба моли за американска помош, целата земја остана без струја

Ана Ололовска