Според резултати од истрагата, уништени се 250 метри од гасоводот Северен тек 1

Од:

Еден крак од гасоводот „Северен тек 1“ е уништен во должина од околу 250 метри во експлозија на крајот на септември, соопшти денеска операторот, пренесува ДПА.

Според прелиминарните резултати од истрагата, има два кратери на морското дно, секој длабок 3-5 метри, соопшти денеска компанијата Nord Stream AG. Тие се наоѓаат на околу 248 метри оддалеченост еден од друг.

„Делот на цевката меѓу кратерите е уништен, радиусот на дисперзија на фрагменти од цевката е најмалку 250 метри“, соопшти компанијата.

На крајот на септември беа откриени четири истекувања во гасоводите Северен тек 1 и 2 по експлозиите во близина на островот Борнхолм во Балтичкото Море, по две во данската и шведската ексклузивна економска зона.

ЕУ и НАТО, меѓу другите, претпоставуваат дека се работи за саботажа.

Двата гасоводи минуваат од Русија до североисточна Германија. Работењето на гасоводите стана многу чувствителна политичка тема со почетокот на руската инвазија на Украина на крајот на февруари.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Вашингтон пост: Украински офицер го координирал нападот на Северен ток, Зеленски не знаел

Се појавија нови докази за уништувањето на Северен тек, непријатни за Полска

ЦИА со месеци знаела дека украинците ќе го разнесат Северен тек

ЦИА знаела за нападот на Северен тек: Го извеле Украинци и криеле од Зеленски

Катерина Ѓуровски

Според германските истражители: Доказите за уништувањето на „Северен тек“ водат до украинската војска

Горан Наумовски

Русија: Американски разузнавачки агенти се директно вклучени во експлозиите на Северен тек

Ана Ололовска