Спор во Италија околу огромната челичарница во Таранто

Од:

Двете владејачки партии во Италија, Лигата и М5С, спорат околу иднината на огромниот металуршки комплекс Илва во близината на јужниот град Таранто.

М5С, чиј лидер Луиџи Ди Мајо е новиот министер за индустрија на Италија, сака да ја затвори челичарницата, која е една од најголемите во Европа и се смета за главен извор на загадување на југот на Италија. Но Лигата на Матео Салвини сака да го модернизира овој комплекс, надевајќи се на ветувањето на глобалниот гигант АрчелорМитал за инвестиција од милијарда евра со кои би се обновил комплексот фабрики.

– Ако не го исполниме ветувањето да ја затвориме Илва ќе се покаже дека сме дволични, и нашето движење ќе умре, изјави роза Д’Амато, европратеничка од М5С, која се залага за затворање на Илва. Комплексот фабрики потекнува од 1960-ите години, кога италијанските власти се обиделе да го индустријализираат југот на земјата. Во Илва се произведувале и до 10 милиони тони челик годишно, но од 2012 година комплексот се соочува со судски налози за затворање или за спроведување на скапи еколошки мерки.

АрчелорМитал нуди да ја преземе Илва, но воедно планира да го намали бројот на вработени од сегашните 10.900 на 7.600.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Александар Тодески

(ВИДЕО) Трагедија во Италија: Возачот на автобусот починал, а 12 македонски туристи се повредени

Орце Костов

Дупка длабока 10 метра прголта автомобили во Рим