Врвниот експерт на Обединетите Нации за борба против расизам и екплоатација на луѓето Мутума Рутеере денеска во Сеул изјави дека во неговиот извештај за човековите права ќе објави податоци за „сериозни проблеми’’ со кои се среќаваат странските работници и брачни партнери на јужнокорејанци од друга етничка припадност.
Рутеере соопшти дека за време на неговиот престој во Јужна Кореја биле одбиени неговите барања на средби со министри, но неговата анализа на состојбите укажува дека државата со четврта по моќ економија во Азија се соочува со сериозни проблеми на растечката странска зедница,
Експертот на ОН за човекови права изјави дека е неопходно подобрување на условите за образование на странците што живеат и работат во Јужна Кореја. Според Мутума Рутеере и во медиумите има најави за благ расизам и дискриминација на странците во однос на старите жители, што доведува до чувство на непријатност на некорејанците во таа држава.