Специјалци во повеќе европски земји координирано ја нападнаа италијанската мафија Ндрангета

Од:

Голема меѓународна акција против припадниците на калабриската мафија Ндрангета започна денеска на територијата на Италија, Германија, Шпанија и Романија.

Цел на операцијата наречена „Платина-ДИА“ против Ндрангета, што беше иницирана утрово од италијанската Управа за истраги против мафијата (ДИА), се два мафијашки клана – семејствата на Агреста и на Џорџи, пренесуват агенциите. Семејството Џорџи е обвинето за меѓународна трговија со луѓе и трговија со дрога во неколку региони во Италија и Германија.

Повеќе од 200 припадници на ДИА, околу 100 полицајци и жандарми, како и армиски полк беа мобилизирани на територијата на Италија. Околу 500 агенти се мобилизирани во други земји, соопштија италијанските карабиниери.

Издадени се налози за апсење во Германија, 30 во Италија, а полицијата изврши претрес во 80 домови во двете земји.

Се проценува дека Ндрангета, чие име на грчки значи „херојство“ или „машка доблест“, ја надмина по моќ озлогласената сицилијанска Коза Ностра со помош на шверцот на кокаин од Латинска Америка.

Би можело да ве интересира

Во Италија уапсени припадници на неонацистичка „Дивизија Верволф“

Генерален штрајк во Италија, 500.000 луѓе на улица бараат промени во буџетот

Судир на демонстрантите и полицијата на протестот во Торино

Се урна лифт во станбена зграда, повредени две жени и три деца во Палермо

Откриена е мафијашката мрежа Камора и Коза Ностра, една трага води до Балканот

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ