Спасувачкиот брод Океански Викинг се укотви на Сицилија со 294 мигранти

Од:

На бродот за спасување Океански Викинг (Ocean Viking), по повеќе од една недела чекање, му е дозволено да се закотви на Сицилија со 294 мигранти.

Приватната хуманитарна организација СОС Медитеран, која управува со бродот, денеска соопшти дека е дозволен влез во Поцало во јужниот дел на италијанскиот остров. Минатата недела Океански Викинг ги спасил мигрантите во четири операции и според организацијата тие дошле од Либија.

Илјадници мигранти секоја година се обидуваат да го поминат опасниот пат од северноафриканскиот брег до ЕУ во потрага по подобар живот или бегајќи од конфликт или прогон. Многумина од нив ги губат соите животи на тој пат.

Ако ги преземе хуманитарен брод, мигрантите често мора да чекаат со денови на море за дозвола за закотвување во некоја од земјите од ЕУ, а тоа често е Италија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Александар Тодески

(ВИДЕО) Трагедија во Италија: Возачот на автобусот починал, а 12 македонски туристи се повредени

Орце Костов

Дупка длабока 10 метра прголта автомобили во Рим