Спасувачкиот брод, кој една недела е заглавен во Медитеранот, спаси уште 39 мигранти

Од:

Спасувачкиот брод „Опен армс“, кој веќе една седмица чека во Средоземното Море да се пронајде пристаниште каде ќе ги истовари 121 мигрант спасени на отворено море, спаси нови 39 мигранти, соопшти утрово невладината „Опен армс“.

„Опен армс“ се наоѓа во меѓународни води во близина на италијанскиот остров Лампедуза откако не му беше дозволен пристап до пристаништата во Италија и на Малта.

„Опен армс тукушто спаси 39 луѓе во меѓународните води“, посочи челникот на таа невладина организација Оскар Кампс. „Во меѓувреме и натаму чекаме на безбедно пристаниште во кое ќе се закотвиме“, напиша тој на Твитер.

Би можело да ве интересира

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море

Браун: Повикот за помош спаси многу човечки животи во Балтимор

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

Голем пожар на британски носач на авиони, има повредени

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Уапсена е банда која криумчарела мигранти