Спасувачка акција за извлекување на 21 кинески рудар

Од:

Спасувачки екипи се обидуваат да извлечат 21 рудар, кои се блокирани во рудник за јаглен во регионот Ксинџијанг во северозападниот дел на Кина, откако поплава ја прекина електричната енергија под земја и ја наруши комуникацијата, објавија државните медиуми.

Инцидентот се случил синоќа по локално време во рудникот за јаглен Фенгуан во округот Хутуби, додека работниците вршеле активности за модернизација на објектот, објави кинеската новинска агенција Синхуа.

Според првичните информации, осум од 29-те рудари кои се наоѓале на местото на инцидентот биле спасени.

Спасувачките екипи лоцирале 12 од 21 блокиран рудар, објави ЦЦТВ, но не е јасно дали тие се наоѓаат на една иста локација.

Се прават обиди за испумпување на водата од поплавеното окно и за снабдување со воздух во рудникот. Се поставуваат цевки, но пумпањето се спроведува многу тешко, наведува ЦЦТВ.

Кинеските рудници се меѓу најопасните и најсмртоносните во светот поради честите експлозии и истекувања на гас.

Би можело да ве интересира

Кина жестоко го критикуваше Израел, но не ги спомна иранските напади

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди регионот на Синџан во Кина

Кина ја погоди земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала

Продолжува уривањето на рудникот во регионот Амур, 13 рудари се заробени

(ВИДЕО) Во Кина: Експлозија на гас во ресторан, две лица загинаа, 26 се повредени

Горан Наумовски

Кина: Нема добро оправдување за масакрот на цивилите во Газа

Горан Наумовски