Поранешен советски војник кој се водел како исчезнат веќе 33 години, уште од времето на советската воена инетревенција во Авганистан, е пронајден жив и здрав во западната авганистанска провинција Херат.
Војникот живеел полуномадски и во меѓувреме прифатил авганистанско име Шеик Абдула, а живеел и се издржувал практикувајќи хербална медицина.
Абдула, кој по потекло е Узбекистанец, а неговото вистинско име е Бахредин Какимов, бил ранет во една битка во 1990 година само еден месец по стартот на советската инвазија во Авганистан. Тој бил спасен од локалните Авганистанци кои го излелувале и потоа му помогнале да се сокрие.
Според претставник на Комитетот на советските воени ветерани, војникот Какимов бил формално прогласен за исчезнат откако не бил пронајден по една година трагање.
Како исчезнати се уште се водат 264 поранешни советски војници, од кои половината по националност се Руси.
Околу 15.000 советски војници и безмалку еден милион Авганистанци загинаа во судирите на советски сили и војската на просоветскиот режим во Кабул со авганистанските муџахадини, кои беа вооружувани од Западот и од муслимански земји.