Советот за безбедност на Обединетит нации денеска треба да гласа за американското барање за воведување на построги санкции кон Северна Кореја, како казна за нејзината нуклеарна и ракетна програма.
Ако бидат одобрени, санкциите безмалку во целост ќе го запрат извозот на нафта и нафтени деривати во Северна Кореја и ќе ја ограничат можноста на севернокорејските граѓани да работат во странство, што е важен извор на приходи за државата.