Сoветот за безбедност на ОН отфрли американска резолуција за продолжување на ембаргото на Иран

Од:

Советот за безбедност на ОН ја отфрли американската резолуција за продолжување на ембаргото за продажба на оружје на Иран, што истекува во октомври, изјави шефот на американската дипломатија, Мајк Помпео, оценувајќи дека тоа претставува „непростлив“ неуспех.

– САД никогаш нема да ги остават своите пријатели во регионот кои очекуваат повеќе од Советот за безбедност на ОН. Ние ќе продолжиме да дејствуваме така што теократскиот терористички режим (Иран) нема да може да купи и продава оружје што претставува закана за Европа, Блискиот исток и пошироко, нагласи Помпео

Според него, СБ на ОН, во кој се вклучени големите светски сили (САД, Кина, Русија, Велика Британија и Франција), „не успеа да ја исполни својата суштинска мисија, а тоа е одржување на меѓународниот мир и безбедност“.

Помпео додаде дека светската институција ја отфрлила „разумната резолуција за продолжување на ембаргото за Иран, што важи 13 години“, и со тоа го отвори патот за таа земја „која го поддржува тероризмот“ да купи и продава конвенционално оружје без ограничувања на ОН.

Ембаргото за Иран официјално истекува на 18 октомври.

Би можело да ве интересира

Османи од ОН во Њујорк: Мораме да и кажеме „не“ на Русија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Неухранетоста и болестите ќе доведат до „експлозија на смртност“ кај децата во Газа

Обединетите нации нема да учествуваат во присилното раселување на Палестинците

Катерина Ѓуровски

Прифатено барањето на Србија, ќе се одржи вонредна седница на Советот за безбедност на ОН

Меѓународниот суд на правдата ќе донесе важна одлука за Украина и Русија

Советот за безбедност на ОН денеска повторно ќе се обиде да гласа за Газа