Советот за безбедност на ОН го отфрли барањето на САД за повторно воведување санкции кон Иран

Од:

Претседавачот на Советот за безбедност на ООН, амбасадорот на Индонезија во светската организација Дијан Трасјах Џани го отфрли барањето на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп за повторно воведување санкции кон Иран, откако беа укинати во 2015 година според нуклеарниот договор.

Џани, амбасадор во ООН од Индонезија, која го држи ротирачкото претседателство на СБ овој месец, најави отфрлање на санкциите како одговор на прашањето поставено од Русија и Кина.

Тој рече дека нема консензус во Советот за безбедност на ООН кога станува збор за повторно воведување санкции за Техеран.

– Јасно ми е дека постои една членка која има одреден став по ова прашање, додека значителен број членки имаат поинакви ставови, рече Џани за време на виртуелниот состанок на Советот за безбедност за Блискиот исток.

Како што пренесуваат странските агенции, тоа значи дека Советот за безбедност на ОН, за време на едномесечното претседателство на Индонезија, нема да презема понатамошни активности по барањето на САД за повторно воведување санкции за Иран.

Би можело да ве интересира

Девојче го нашле мртво во голема цевка, мајката очајна го тужи хотелот

ВИДЕО: Крвав напад со нож во САД, четворица мртви

САД воведоа санкции за ентитети кои наводно им помагале на Хутите и Хезболах

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

САД бара од Украина да ги запре нападите врз руските рафинерии

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо