Советот за безбедност на ОН доби шест нови членки

Од:

Советот за безбедност на Обединетите нации доби шест нови членки – Еквадорска Гвинеја, Брегот на Слоновата Коска, Холандија, Кувајт, Перу и Полска.

Знамињата на овие земји беа поставени пред салата во која заседава Советот за безбедност денеска на церемонијата организирана од амбасадорот на Казахстан, Кахат Умаров, чија земја моментно претседава со Советот.

Инаку, Советот за безбедност има 15 членки, меѓу кои пет постојани – Кина, Франција, Русија, САД и Обединетото Кралство.

Другите членови ги избира Генералното собрание на ОН, за период од две години. Меѓутоа, оваа година Холандија ја пополнува втората половина од својот мандат кој го дели со Италија.

Египет, Јапонија, Сенегал, Украина и Уругвај го завршија својот мандат во Советот за безбедност на ОН минатата година.

Местото во Советот за безбедност им овозможува на земјите погласно да го изразат своето мислење кога станува збор за меѓународните прашања.

Би можело да ве интересира

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата

ОН: Израелската опсада на Газа и наредбата за евакуација може да претставуваат меѓународно злосторство

Нови тајни документи: САД го шпионирале шефот на ОН, неговите разговори беа објавени

Ана Ололовска