Советот на Европа жали за лошиот напредок на Австрија во борбата против корупцијата

Од:

Советот на Европа изрази жалење поради „генерално недоволниот“ напредок на Австрија во борбата против корупцијата во судството или политичките кругови,се наведува денеска објавениот извештај. Според Групата на држави против корупција (ГРЕКО), тело на Советот на Европа, „Австрија спроведе задоволително само две од деветнаесет препораки“ издадени во 2017 година.

ГРЕКО на тој начин забележува дека „многу ниското ниво на усогласеност“ со нејзините препораки „не се сменило“ без оглед дали станува збор за „транспарентноста на законодавниот процес“ или за „кодексот на однесување за членовите“ за прашања како што се судир на интереси или декларации за имот. Во однос на судиите и обвинителите, ГРЕКО смета дека е „за жалење што значителен број мерки“ предвидени од 2018 година „сè уште не се финализирани“.

ГРЕКО укажува на недостатоци во процесот на избор на судии или нивно оценување, дури и ако забележа „напредок“ со нови одредби кои им забрануваат истовремено да имаат политички или етички функции. ГРЕКО бара од Австрија да достави извештај за напредокот на спроведувањето на нејзините препораки „што е можно побрзо, а најдоцна до 30 септември 2021 година“.

Австрија последните години ја тресеа неколку скандали со корупција. Повторно неодамна, на 11 февруари, беше извршен упад во домот на австрискиот министер за финансии, близок до канцеларот Себастијан Курц, судовите се сомневаа дека е вмешан во тајно финансирање на Конзервативната партија од глобалниот гигант за игри на среќа Новоматик.

ГРЕКО во моментов ги обединува 47-те земји-членки на Советот на Европа, како и Белорусија, Казахстан и Соединетите држави.

Би можело да ве интересира

Мегаскандал во Австрија: Курц му праќал бакнежи на државен службеник

Жарко Настоски

Австрија подготвена за домаќин на евентуална средба Бајден-Путин

Ана Ололовска

Австрискиот министер за здравство поднесе оставка

Ана Ололовска

Уапсен малолетник со потекло од Македонија, се заканувал дека ќе ја разнесе катедралата во Виена

Катерина Павлова-Николовска

Австрија набавува милион дози од вакцината Спутник V

Катерина Павлова-Николовска

Протест против рестрикциите во Виена: Се судрија полицијата и демонстрантите, приведени 10 лица

Катерина Павлова-Николовска