Советникот на Трамп за Европа во Белата куќа ставен под безбедносна истрага

Од:

Советникот на Белата куќа за прашањата на Европа и Русија, Ендрју Пик, е испратен на таканаречно административно отсуство, додека не се спроведе безбедносна истрага за него.

Пик во петокот бил испратен од кругот на Белата куќа, наведува еден од двајцата неименувани извори запознати со начинот на неговото заминување, пренесе Јуроњуз.

Советот за национална безбедност, што се занимава со прашањата на надворешната политика во Белата куќа, по овој повод соопшти дека „нема да дискутира за кадровски работи“.

Пик, поранешен заменик на помошникот државен секретар за Ирак и Иран, на ова афункција беше од ноември.

Медиумите наведуваат дека двајцата негови претходници на оваа функција – Тим Морисон и Фиона Хил, сведочеа во истрагата за отповикот на претседателот Доналд Трамп.

Пред да му се приклучи на Стејт департментот, Пик беше стипендист на Клементс центарот за национална безбедност на Универзитетот во Тексас. Дипломирал на Универзитетот Принстон во 2003 година, на Универзитетот Харвард во 2005 година се стекнал со магистратура, а докторат од меѓународни односи добил на Џонс Хопкинс школата за напредни меѓународни студии.

Пик бил и разузнавачки офицер на американската војска во Авганистан каде го советувал сега пензионираниот генерал на маринскиот корпус Џон Ален.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Крвав напад со нож во САД, четворица мртви

САД воведоа санкции за ентитети кои наводно им помагале на Хутите и Хезболах

САД бара од Украина да ги запре нападите врз руските рафинерии

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

ВИДЕО: Американската милјардерка која со Тесла излета во езеро и се удави била пијана

Малолетник убил девојче со 114 убоди од нож, сега му се заканува доживотен затвор

Горан Наумовски