Советник на Зеленски објави неколку сценарија, војната би можела да заврши во мај

Од:

Војната во Украина треба да заврши до мај, бидејќи Русија ќе остане без ресурси за продолжување на инвазијата, тврди советникот на украинскиот претседател Олексеј Арестович.

Повикувајќи се на видео објавено од неколку украински медиуми, Ројтерс известува дека Арестович вели дека точниот момент ќе зависи од тоа колку пари Кремљ е подготвен да посвети на воената кампања, пренесува Н1.

– Мислам дека треба да имаме мировен договор најдоцна во мај, на почетокот на мај, можеби многу порано, ќе видиме, зборувам за најновите можни датуми, рече Арестович.

– Сега сме на крстопат: или ќе се постигне мировен договор многу брзо, во рок од една или две недели, со повлекување на војниците и сè друго, или ќе се обидат да донесат некои, да речеме Сиријци за вториот круг и, кога и нив ќе ги сомелеме, ќе се постигне договор, било да е тоа до средината на април или крајот на април, рече тој.

– Целосно лудо сценарио може да вклучува Русија да испрати нови регрути по еден месец обука, оцени советникот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нов руски напад на Харков, убиено 12-годишно момче

Катерина Ѓуровски

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се целосна глупост

Русија издаде налог за апсење на шефот на украинската служба за безбедност поради тероризам

Кремљ: Мировни преговори за Украина без учество на Русија се апсурдни

Терористите на ИСИЛ влегуваат во Европа преправајќи се дека се Украинци

Рускиот амбасадор не одговорил на повикот на Полска: Прво понудете докази

Предраг Петровиќ