Советник на Меркел верува дека по изборите ќе „омекне“ позицијата на Лондон кон Брегзит

Од:

Михаел Фукс, советник на германскиот канцелар Ангела Меркел, изјави за Би-Би-Си дека по предвремените парламентарни избори во Велика Британија, позицијата на официјален Лондон кон Брегзит и претстојните преговори со ЕУ, се очекува да биде „помека“ во споредба со претходните „тврди ставови“.

-Верувам дека премиерот Тереза Меј ( на изборите) се соочи со реалноста во Британија- рекол Фукс, забележувајќи дека нејзините желби околу британското излегување од ЕУ „не се премногу популарни и прифатливи„ за гласачите.

-Ако не беше така, тогаш беше нормално, таа и нејзината партија да освојат уверливо мнозинство во Парламентот- рекол советникот на канцеларот Меркел.

Изјавата на Михаел Фукс за британскиот јавен сервис доаѓа по изјавата на Меркел за тоа дека ЕУ е подготвена за почетокот на преговорите со Лондон за Брегзит и дека верува оти Британците ќе се придржуваат за определените рокови.

Британските и европскте медиуми, уште пред изборите од 8 јуни, соопштија дека преговорите межу Лондон и Брисел за раздружување, ќе почнат на 19 јуни, речиси една година по британскиот референдум за ЕУ.

Кабинетот на Меј, меѓутоа, соопшти дека Британија е „подготвена да почне со преговорите, во следните недели„ што е подолг рок од преостанатите осум денови, како што претходно беше најавено.

Засега нема објаснување за тоа дали стартот одново се одлага, овој пат во очекување на стабилизацијата на постизборната политичка ситуација во земјата, предизвикана со ослабнатата позиција на Меј и на нејзините конзервативци.

Таа организира предвремени избори пред стартот на преговорте, првично предвидени за почетокот на јуни, за да ја „зацврсне својата лидерска позиција„ за разговорите со ЕУ, но доживеа неуспех.

Меј и конзервативците го загубија мнозинството во Парламентот, а се засилија позициите на сите партии кои се против Брегзит или заговараат „помека„ позиција во преговорите со Брисел.

Од неа се бара оставка, но таа одлучи да побара и доби мандат од кралицата Елизабета, за нова влада, која треба да биде малцинска , со надворешна подршка на малата северноирска партија ДУП, во обид да се спречат нови избори.

Медиумите во Лондон бараат од неа да се повлече, а проконзервативните весници откриваат „граѓанска војна„ во редовите на британските конзервативци, за или против Тереза Меј.

Би можело да ве интересира

Истрага против возачот на превртениот германски автобус во кој имаше загинати и повредени

Најмалку пет лица загинаа во автобуска несреќа кај Лајпциг

Горан Наумовски

Во Германија: Момче до смрт ги избодел родителите и братот, тешко си ја ранил сестрата

Ученик во Дрезден испуштил солзавец на час, 30 ученици се пренесени во болница

Германското обвинителство покрена истрага за разговорите за напад на мостот на Крим

Скок во приходите и профитот на голем германски производител на оружје