Совет на Европа: Владите не смеат да ја користат кризата за замолчување на новинарите

Од:

Генералната секретарка на Советот на Европа, Марија Пејчиновиќ Буриќ ги повика владите да не ја ограничуваат слободата на медиумите за време на пандемијата на Ковид-19 и предупреди за трендот на заплашување и напад врз новинарите.

– Владите се соочуваат со невидени предизвици за време на кризата со коронавирусот, но ситуацијата не треба да се користи за да се замолчат новинарите, предупреди Пејчиновиќ Буриќ во пресрет на Светскиот ден на слободата на медиумите – 3 мај.

Според неа, „медиумите треба слободно да известуваат за сите аспекти на кризата“.

– Новинарите имаат клучна улога и посебна одговорност во обезбедувањето навремени, точни и доверливи информации за јавноста. Тие мора да бидат во можност да го преиспитаат владиниот одговор на пандемијата, истакна генералната секретарка на Советот на Европа.

Пејчиновиќ Буриќ смета дека со „одговорно известување, новинарите можат да спречат ширење на паника и да ги истакнат позитивните примери во општеството“.

Минатата година се регистрирани 142 сериозни закани врз слободата на медиумите во 47 членки на Советот на Европа, се наведува во извештајот на партнерската Платформа на Советот на Европа за подобрување на заштитата на новинарството и безбедноста на медиумските работници.

Би можело да ве интересира

СЕ повика на поголема поддршка во борбата против трговијата со луѓе

Ана Ололовска

Најавата за повлекување на Полска од Истанбулската конвенција го загрижува Советот на Европа

Ана Ололовска

Турчинка и Норвежанец во борба за местото помошник-генерален секретар на Советот на Европа

А1он

Грција го презеде претседателството со Комитетот на министрите на Советот на Европа

Ана Ололовска

Грција денеска го презема претседателството во Советот на Европа

Ана Ололовска

КПТ на Советот на Европа го осудува полициското насилство во Грција

Ана Ололовска