Состојбата со Ковид-19 во Белгија е кревка, не се исклучува ризикот од трет бран

Од:

Постепеното олеснување на рестрикциите во Белгија и добрата клима предизвикуваат загриженост кај здравствените власти дека земјата, и покрај досегашните напори, би можела да се соочи со трет бран од Ковид-19, јавува дописничката на МИА од Брисел.

Последните денови покажаа мал раст на повеќето индикатори за Ковид-19 во Белгија, но тие повторно се намалуваат, како на пример стапката на позитивност. Сепак, властите бараат внимателност од граѓаните.

-Климата е пријатна во овој момент, но сепак од гледна точка на епидемијата ние сѐ уште сме во ризична зона и не знаеме кога ќе се подобри состојбата, рече портпаролот на кризниот штаб Ив Ван Латем.

И покрај малото подобрување општата слика останува загрижувачка, велат властите, премногу луѓе се и натаму во болница во споредбата со ланското лето кога целосно се олеснија рестрикциите.

Хоспитализациите се во подем во целата земја, но веќе неколку дена бројот останува стабилен помеѓу 100 и 150, освен минатиот петок кога постигнал 204. Всушност, објаснуваат од кризниот штаб, состојбата во болниците ја следи состојбата со новозаразените кои се во мал подем.

Портпаролот не сакаше да зборува за трет бран, но порача дека треба да се биде внимателен.

-Треба да дознаеме од каде доаѓа зголемувањето на новозаразените, дали тоа се должи на соевите? Дали е затоа што помалку се почитуваат мерките? Треба да ги засилиме мерките за да се разбие ланецот на зараза и да не бидеме вектори на вирусот, да ја преземеме ситуацијата во раце за да не го гледаме спектарот од третиот бран пред нас повеќе, рече портпаролот.

Властите се загрижени што граѓаните продолжуваат да се движат и за да одат на работното место и покрај тоа што препораката на владата јасно гласи дека треба максимално да се работи од дома кога тоа е можно.

-Охрабруваме сите максимално да работат од дома и да се намалат контактите на работа, повикаа од кризниот штаб за да може да се намали бројот на заразени.

Би можело да ве интересира

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски

Уапсени четири лица во Брисел: Планирале напад на концертната сала

(ВИДЕО) Хаос во Брисел: Земјоделците палат гуми и фрлаат измет кон полицијата

Стотици фармери ги блокираа патиштата околу белгиското пристаниште Антверпен-Бриж

20-метарска елка падна врз луѓе во Белгија, умре жена

Катерина Ѓуровски

Теис: Ако не нападнат, ќе се браниме со камења

Горан Наумовски